После три одиграни кола во Европската лига, ЕХФ направи нов ранкинг на сите учесници во групната фаза. Македонски претставник во ова натпреварување е Пелистер, кој има скор од два порази и реми.
Пласманот на битолчани во следната рунда е тежок, но не и невозможен. Во друштво на 32 екипи, Пелистер се наоѓа некаде на средината, поточно на 15-тото место. Пласман во следната рунда ќе обезбедат првите две екипи од осумте групи, на нив ќе им се приклучат 12 екипи од Лигата на шампионите. Плеј-офот ќе се состои од 14 двојки, парови што ќе се одредуваат со ждрепка.
Прв на новата ранкинг листа на ЕХФ е Фленсбург, додека втор е еден противниците на Пелистер, тимот на Гумерсбах.










