Манчестер Ј. тргнува по десниот бек на Рома

57

Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат интерес за бразилскиот десен бек Весли Франка од Рома, а во трката за неговиот потпис е вклучен и Њукасл, пренесува „Фудбал Инсајдер“.

Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста за ангажман на 23-годишниот фудбалер поради потребата од засилување на бековските позиции. Весли е играч кој може да настапува на двете страни од одбраната, што го прави привлечна опција за англискиот клуб.

Сепак, евентуалниот трансфер нема да биде евтин. Според медиумските информации, Рома го проценува Бразилецот на околу 50 милиони фунти и нема да биде лесно да се договори неговото заминување.

Весли пристигна во Рома од Фламенго во 2025 година и постепено се наметна во тимот на Џан Пјеро Гасперини. Неговите настапи му донесоа и место во сениорската репрезентација на Бразил.

ПретходноНеверојатен пресврт на Детроит! Леброн и Филаделфија го урнаа шампионот на стартот на сезоната (ВИДЕО)
СледноБесниот Флик брутално избркал ѕвезда од Барселона: Испразни го шкафчето и губи се!