По дебаклот кај Комо: Керик лут не сакал да се поздрави со своите играчи (ВИДЕО)

165

Манчестер Јунајтед доживеа тежок пораз од 4:1 на гостувањето кај Комо во третото коло од Лигата на шампионите, а по натпреварот во центарот на вниманието се најде и тренерот Мајкл Керик поради неговото однесување кон фудбалерите.

Според пишувањата на медиумите, по последниот судиски свиреж Керик ги поздравувал навивачите со аплауз, додека ги игнорирал своите играчи. Потоа, видно лут, се упатил кон тунелот, а неговиот потег предизвика дополнителни реакции по убедливиот пораз на англискиот гигант.

Поразот дополнително го зголеми притисокот врз Керик, чија иднина на клупата на Манчестер Јунајтед сега е тема на шпекулации.

ПретходноПолувреме: Вардар е фантастичен, има плус три во Нант
СледноБернал суспендиран на четири натпревари поради инцидентот со Јамал