Шкендија ги “врза“ Џеладини и Абдурамани со професионални договори!(ФОТО)

40

Играчот од средниот ред Лириан Џеладини и левиот бек Анес Абдурамани ги потпишаа своите први професионални договори со Шкендија правејќи важен чекор во нивните кариери.
Шкендија продолжува да инвестира во талентите од својата фудбалска школа. Играчот од средниот ред Лириан Џеладини и левиот бек Анес Абдурамани се поврзани со првиот тим преку професионални договори, по позитивната оценка за нивниот развој и потенцијал од страна на раководството на клубот и спортскиот оддел.
Лириан Џеладини, кој задутре полни 19 години, потпиша двегодишен договор со Шкендија. Играчот од средниот ред дебитираше на официјален натпревар со првиот тим минатата сезона, а беше активен и во тековната сезона.
„Многу сум среќен за овој чекор и благодарен за довербата на клубот. Договорот е дополнителна мотивација да продолжам да работам со посветеност, да се подобрувам секој ден и да го давам најдоброто за црвено-црниот дрес“, вели Џеладини.
Во меѓувреме, левиот бек Анес Абдурамани кој има 18, е едно од младите имиња што се истакнаа оваа сезона. Тој го имаше своето деби во победата од 4:1 над Брегалница и досега има пет настапи за првиот тим. Абдурахмани потпиша договор на 3,5 години, со што се смета за една од надежите на клубот за во иднина.
„Овие договори се дополнителна мотивација за нас кои пораснавме во школата на Шкендија. Ќе продолжиме да работиме напорно, да напредуваме како фудбалери и да ја наградуваме довербата на клубот со најдобри можни настапи“, вели Абдурамани.

Спортскиот директор на Шкендија, Ерхан Селими, го оценува овој чекор како доказ за посветеноста на клубот кон развојот на сопствените таленти.
„Среќни сме што формализираме професионални договори со двајца млади фудбалери, кои го докажаа својот потенцијал. Се надеваме дека овој чекор ќе биде дополнителна мотивација да продолжиме да работиме со посветеност и да напредуваме уште повеќе таленти од нашата фудбалска школа кон првиот тим“, вели Селими.

ПретходноГаштаров: Ова е остварување на мојот сонот!(ФОТО)
СледноУ-17: Милеска го објави списокот за квалификациите за ЕП