Јокиќ е на второ место: Ова е листата на ТОП 10 кошаркари со најголеми плати во НБА!

59
фото: Denver Nuggets (X)

НБА бележи огромен финансиски раст во последните години. Новите телевизиски договори, глобалната експанзија на натпреварувањето и растот на „селари капот“ доведоа до договори што изгледаа незамисливи пред една деценија. Малкумина од најголемите ѕвезди денес заработуваат близу или повеќе од 60 милиони долари по сезона.
Финансиската моќ на најсилната кошаркарска лига во светот повторно ги поместува сите граници.
На врвот на листата на најплатени играчи е Стеф Кари, кој заработува 62,5 милиони долари по сезона во Голден Стејт.
На второто место е српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој добива 59.033.114 во Денвер.
Зад центарот на Нагетсите е Џејсон Тејтум, по кого следат 58.456.566 според договорот со Бостон.

Ова е листата на ТОП 10 кошаркари кои во моментов се со најголеми плати на годишно ниво:

ТАБЕЛА

Стеф Кари (Голден Стејт) 62.587.158 долари

Никола Јокиќ (Денвер) 59.033.114

Џејсон Тејтум (Бостон) 58.456.566

Ентони Дејвис (Вашингтон) 58.456.566

Јанис Адетокумбо (Мајами) 58.456.566

Џоел Ембид (Филаделфија) 58.100.000

Џејлен Браун (Филаделфија) 57.078.728

Девон Букер (Феникс) 57.078.728

Карл – Ентони Таунс (Њујорк) 57.078.728

Џими Батлер (Голден Стејт) 56.832.773

Финансискиот раст на НБА не е само за играчите. Најплатениот тренер е Стив Кер, кој заработува 17,5 милиони долари годишно со Голден Стејт Вориорс.
Платите продолжуваат да растат од година во година, а со зголемувањето на горниот лимит “селари капот“, се очекува границата од 60 милиони долари наскоро да стане многу почеста меѓу најголемите ѕвезди во лигата.

ПретходноЕве како се апсат судии во Грција, запленети се 820.000 евра!(ВИДЕО)
СледноНова бламажа на Манчестер Јунајтед, Галатасарај со пресврт го совлада Лил