Лионел Скалони донесе одлука и на радост на сите во Аргентина, тој ќе остане селектор на фудбалската А репрезентација на оваа земја.
Наскоро ќе потпише нов договор, кој ќе важи до крајот на Светското првенство во 2030 година, објави Фабрицио Романо утрово.
Скалони има 48 години, ја презеде Аргентина по Светското првенство во Русија во 2018 година и стана најуспешниот тренер во историјата на оваа земја. Тој го освои Светското првенство во Катар во 2022 година, и две титули шампион на Јужна Америка – во 2021 и 2024 година. Оваа година, тој ги предводеше „гаучосите“ до финалето на Светското првенство во Северна Америка, а таму, по продолженија, неговиот тим загуби од Шпанија со 0:1.
Во 105 натпревари на клупата на Аргентина, тој оствари 81 победа, 14 нерешени резултати и десет порази.
Сето ова го постигна со Лионел Меси како лидер и капитен на тимот, па имаше многу шпекулации дека и тој ќе си замине, откако Меси неодамна се збогува со дресот на Аргентина.
Сепак, Скалони реши да започне нова мисија на клупата на националниот тим, да изврши „тивка“ смена на генерациите и да ја подготви селекцијата за најдобар можен настап на следниот Светски куп.
Секако, за две години, тој ќе ја брани титулата на Копа Америка.










