Кадетките во „полна пареа“ пред дуелите со Турција и Грција

23

Женската кадетска репрезентација на Македонија продолжува со подготовките во рамки на ЕХФ неделата, во пресрет на натпреварите од Регионалната лига У16 во Верија, Грција.

Нашите ракометарки за Грција ќе отпатуваат утре, каде што ќе одиграат два натпревари против селекциите на Турција и Грција.
 
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
 Македонија –  Турција 
 24.10.2026 | 14:00 часот
Македонија – Грција 
 25.10.2026 | 12:00 часот
Настапот во Регионалната лига У16 претставува значајна можност за нашите млади ракометарки да стекнат меѓународно натпреварувачко искуство, да го покажат својот потенцијал и да го продолжат својот репрезентативен развој.

ПретходноПроблеми за Компани: Луис Диас во „аут“!(ФОТО)
СледноГОК Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево го „заверија“ местото во Првата А лига