Рио Фердинанд жестоко удри по Јунајтед: Неспособни, безопасни во нападот…

54

Додека Рио Фердинанд ја командуваше одбраната на Манчестер јунајтед, противниците не можеа така лесно да поминуваат низ последната линија на еден од најголемите англиски клубови. Но, тие времиња одамна се минато.

Неговите „црвени ѓаволи“ денес лесно паѓаат пред многу англиски и европски тимови, пишува „Арена“.

Така, во последното коло од Лигата на шампионите, Комо, кој до неодамна играше во четвртата италијанска лига, целосно го надигра тимот на Мајкл Керик. Тоа толку многу го изнервира Фердинанд, кој е познат по своите директни и остри коментари, што по натпреварот жестоко го критикуваше актуелниот состав на Јунајтед.

„Комо на Сеск Фабрегас направи да изгледаме како екипа што на лотарија добила место за учество во Лигата на шампионите. Во одредени моменти изгледаше како Комо да има 12 играчи на теренот. Бевме безопасни во нападот. Немавме играчи што можат да трчаат. Не бевме способни да извршиме пресинг врз Комо. Немавме никаква идеја кога ја имавме топката“, напиша Фердинанд на Твитер.

„Голема заслуга му припаѓа на Сеск и за начинот на кој го изгради овој тим, но и за тоа како успеа да ги всади своите идеи во екипата. Секој играч знае што треба да прави и максимално е фокусиран, и кога тимот ја има топката и кога се брани. Им ја додаваат топката на соиграчите кои се под притисок – тоа е одличен пример за меѓусебна доверба“.

Но, легендарниот дефанзивец, кој со години ги запираше противничките напаѓачи и ги отстрануваше опасностите пред својот гол, не застана тука.

„Но, тоа не е оправдување за нас. Вечерва бевме лоши и во моментов изгледаме како тим без трошка самодоверба. Многу работи мора да се променат за да се сврти ситуацијата… А сè уште не сум почнал да зборувам за повредите! Разликата во буџетите дефинитивно не се одрази на разликата меѓу двата тима на теренот. Нико Пас – патем, одличен фудбалер“, порача Рио Фердинанд.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ја поддржува уметноста: ‘ДАМАТА СО КАМЕЛИИ’ на сцената на Националната опера и балет
СледноДебитантот на Вориорс за Дончиќ: Целосно ја изгубив почитта кон него!