Од утре па до недела се играат сите пет средби од 11.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Јасно е дека сите погледи се свртени кон Гостивар каде во сабота од 14 часот се игра мега – дербито меѓу Шкендија и Вардар. За овој натпревар за главен судија е одреден Стојанче Трпчевски. Во судискиот тим со него се и Александар Ѓурковски, Филип Ицковски и Александар Василевски. Во ВАР собата ќе бидат Влатко Илиоски и Борис Трајков.
Во продолжение можете да ги видите кои се главните судии и на останатите натпревари.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 11.КОЛО ВО ПМФЛ
ПЕТОК
Кратово: Силекс – Шкендија А (Доне Ристовски) 14 ч
САБОТА
Струга: Струга ТЛ – Скопје (Благојче Ралевски) 12 ч
Гостивар: Шкендија – Вардар (Стојанче Трпчевски) 14 ч
НЕДЕЛА
Гостивар: Арсими – Брегалница (Бењамин Керими) 12 ч
Кавадаци: Тиквеш – Башкими (Димитар Пилешков) 14 ч















