Англија нема докази за да го натера шеикот Менсур да го продаде Манчестер Сити

0

Манчестер Сити се соочува со нова закана по скандалот со финансиски прекршувања. Сопственикот, шеикот Мансур, теоретски може да биде принуден да го продаде клубот.

Претседателот на Независниот фудбалски регулатор на Англија, Дејвид Коган, потврди дека органот има „апсолутни овластувања“ да бара заминување на сопственик доколку процени дека клубот се води недобросовесно. Сепак, тој нагласи дека нема да прави заклучоци пред да заврши жалбениот процес.

За да биде принудена продажбата, регулаторот треба да ја докаже личната одговорност на Мансур, што е тешко бидејќи обвиненијата се упатени кон клубот. Според анализите, пореална можност е казнување или отстранување на одделни менаџери, наместо продажба на целиот клуб.

ПретходноПостигнат е договор: Арда Ѓулер во Реал до 2032 година