Грчката полиција заплени 931.000 евра во истрага за наместени кошаркарски натпревари

0

Грчката полиција заплени 931.463 евра во кеш во рамките на истрагата за сомнително влијаење врз кошаркарски натпревари. Во акцијата беа уапсени шест лица – петмина во координирани операции на 21 октомври, а уште еден се пријави доброволно и исто така беше приведен.

Истрагата се однесува на сомнителен поткуп на судии, функционери и лица поврзани со играчи и клубови, како и обиди за незаконско влијание врз исходот на натпревари поврзани со коцкањето. Според грчките медиуми, кај двајца судии биле пронајдени 820.000 и 102.000 евра.

Претседателот на Грчката кошаркарска федерација, Вангелис Лиолиос, е уапсен под сомнение дека организирал наместени натпревари.

ПретходноМелсунген направи метеж на врвот, Хориха и Пик Сегед завршија со ЛШ