И тренерот на Вардар со поддршка за студентите во Србија!(ФОТО)

1

Денеска на полноќ стапува на сила предизборниот молк во пресрет на неделните избори во Србија. Во изминатите денови многу познати спортски фаци ја дадоа поддршката за „Студентската листа“ и за студентите а еден од нив е и актуелниот тренер на Вардар, Миодраг Гроф Божовиќ. Иако е Црногоец, сепак неговиот збор и тоа како се слуша во Србија, а да потсетиме дека е и некогашен тренер на Ц.Звезда со која освојуваше титули.

Гроф во изминатите две години во неколку пати нескриено ги поддржуваше студентите и со тоа не го криеше својот анимозитет кон Александар Вучиќ.

Па така вчера, Гроф на социјалните мрежи сподели фото каде што е заедно со Славољуб Муслин, кој исто така е за студентите, со познатиот хит “Три пољупца хочу ја“, која стана химна на “Студентската листа“ во оваа предизборна кампања.No description available.

Паметен човек, очигледно Гроф знае што се човечки вредности.

ПретходноТренерот на Нант призна: Ова е најлошата вечер што ја имам доживеано во последните пет години!