Вардар одигра неверојатно одличен натпревар против Нант на гостински терен. Македонскиот првак доминираше од петтата минута па до самиот крај, беше подобр од францускиот состав со 33-27. Ова беше прва победа за „црвено-црните“ во Лигата на шампиони каде имаат уште четири порази.
После натпреварот тренерот Иван Чупиќ потенцира дека за нив е најважно што покажаа дека се подобри од претходните натпревари.
„Секогаш е тешко да се игра во Нант. Имавме четири тешки натпревари што ги загубивме во последните минути, со еден или два гола разлика. Чекавме еден совршен натпревар и два бода кои би можеле да ги прославиме. Беше важно да покажеме дека сме подобри отколку на претходните натпревари“, рече Хрватот на клупата на Вардар 1961, Иван Чупиќ.
Следната среда вардарци го пречекуваат Мелсунген во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите.










