“Денеска во ЛШ можат да играат и Курто и Мурто!“

0
ФОТО: UEFA.COM/X

Иако во последните неколку сезони речиси секој меч во Лигата на Шамппионите е спектакл, посебно кога станива збор за головите, сепак некои не се воодушени од тоа што најсилната лига во светот на фудбалот го нуди.

Еден од нив е Луј Ван Гал:

„Смешен формат. И “Курто и Мурто“ можат да играат во Лигата на шампионите денес“, рече многу јасно познатиот тренер во изјава за холандските медиуми.
Добро, рече „Том, Дик и Хари“, а не „Курто и Мурто“, но тоа е буквално истото значење на две фрази на два различни јазика. Поентата останува.
„Уефа мисли само како да заработи пари. Тоа е корумпиран свет“
вели прославениот холандски тренер.
Сега, не е многу јасно што точно го мачи Ван Гал во Лигата на шампионите, но сосема е јасно дека на поранешниот тренер на Ајакс, Барселона, Баерн и Манчестер Јунајтед не му се допаѓа овој тренд на целосно отворен фудбал. Тоа е, дека не мисли дека бројот на голови е показател за квалитетот на фудбалот.
„Се вика Лига на шампиони, нели? Тогаш треба да играат најдобрите. Не ако имате толку голема разлика во квалитетот. Тогаш би имало помалку голови, но натпреварите би биле од повисок стандард и би гледале подобар фудбал.“

Инаку Ван Гал ја критикуваше Лигата на шампионите уште од нејзиното основање. Уште во 1994 година, тој рече дека УЕФА создава „комерцијална монструозност“, иако дури во 1997 година нешампионските тимови добија влезница во Лигата на шампионите. Сепак, се чини дека сега не го загрижува тоа, туку тимовите кои едноставно не се конкурентни со најголемите.

ПретходноТомовски со четири интервенции, нов пораз за Битигхајм