И дефинитивно Матеј Гаштаров е новата фудбалска ѕвезда на овие простори. Во изминатите два месеци тој и тоа како покажа дека има квалитет и тоа го покажа во дресот на Црвена Звезда. А потоа следуваа и настапите за нашата репрезентација.
Паралелно со одличните игри за црвено-белите, имаше и покана од „А“ репрезентацијата на Македонија, за која играше на сите четири натпревари од Лигата на нации во последниот „циклус“.
Во интервјуто за српскиот портал “Б92“, Гаштаров покрај другото посочи:
„Многу сум среќен што бев поканет и што ги одиграв тие четири натпревари за репрезентацијата на Македонија. Сонував за тоа кога бев дете и навистина сум среќен. Не очекував сè да се случи толку брзо, но бев подготвен и мислам дека го покажав тоа.“
Тренерот на Ц.Звезда, Алберт Риера му даде шанса и токму од Шпанецот тој учи секој ден.
„Секако, кога дојде Риера, многу ми помогна. Ми даде шанса и мислам дека добро ја искористив. Се обидувам да се докажам на секој тренинг, да учам што е можно повеќе, бидејќи откако дојде тренерот Риера, научив многу за фудбалот. Среќен сум и внимателно го слушам на секој тренинг за да биде подобар секој ден.“
Македонецот (19) досега има девет настапи, има запишано две асистенции и покажа вистинска универзалност, бидејќи подеднакво добро може да ги покрива позициите во одбраната и средниот ред, токму она што го бара Риера.
Вчера тој го продолжи договорот со Ц.Звезда до 2031.










