Судии за 11.коло во ПМФЛ: Трпчевски ќе биде “главен“ на мега – дербито во Гостивар

0

Од утре па до недела се играат сите пет средби од 11.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Јасно е дека сите погледи се свртени кон Гостивар каде во сабота од 14 часот се игра мега – дербито меѓу Шкендија и Вардар. За овој натпревар за главен судија е одреден Стојанче Трпчевски. Во судискиот тим со него се и Александар Ѓурковски, Филип Ицковски и Александар Василевски. Во ВАР собата ќе бидат Влатко Илиоски и Борис Трајков.

Во продолжение можете да ги видите кои се главните судии и на останатите натпревари.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 11.КОЛО ВО ПМФЛ

ПЕТОК

Кратово: Силекс – Шкендија А (Доне Ристовски) 14 ч

САБОТА

Струга: Струга ТЛ – Скопје (Благојче Ралевски) 12 ч

Гостивар: Шкендија – Вардар (Стојанче Трпчевски) 14 ч

НЕДЕЛА

Гостивар: Арсими – Брегалница (Бењамин Керими) 12 ч

Кавадаци: Тиквеш – Башкими (Димитар Пилешков) 14 ч

ПретходноСКАНДАЛ: Фрлаа факели кон лицата со попреченост, повредија редар (ВИДЕО)