ГРК Охрид денеска ја започнува одбраната на титулата во ЕХФ Европскиот куп. Противник во второто коло на избраниците на тренерот Борис Ројевиќ е тимот на Спор Тото СК.
Двата натпревари ќе се играат во СЦ „Билјанини Извори“, а првиот е закажан за денеска со почеток во 18:30 часот.
Адама Кеита го најави двомечот, порача дека ГРК Охрид е подготвен и дека целта е да одиграат најдобро што можат и оваа сезона.
„Мора да одиграме најдобро што можеме во петок и сабота. Возбудени сме за почетокот на ова ново натпреварување и сакаме да ги одиграме најдобрите натпревари оваа сезона. Ги очекуваме сите фанови на двата натпревари. Сакаме убава атмосфера и две победи“, порача Кеита.
Билетите се пуштени во продажба, а од таборот на ГРК Охрид очекуваат полни трибини.










