Компани колабирал на тренинг, пренесен во болница

123
ФОТО: FC Bayern München/FB

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, итно бил пренесен во болница откако колабирал по тренингот на германскиот шампион, објавија германските медиуми.

Според „Билд“ и „Скај Германија“, инцидентот се случил во тренинг-центарот на клубот во Минхен. Белгискиот стратег и претходно имал здравствени проблеми поради тешка вирусна инфекција, поради која пропуштил дел од тренинзите и прес-конференцијата пред дуелот со Арсенал.

Компани неодамна призна дека не му посветил доволно внимание на сопственото здравје.Засега нема официјална потврда за причината за колабирањето ниту детали за неговата актуелна состојба. Неизвесно е и дали ќе може да го предводи Баерн на следниот натпревар против Фрајбург во Бундеслигата.

ПретходноОд безбедносни причини, одложено дербито ПСЖ – Лион
СледноРистески: Штип УГД може многу подобро, пред полна сала се е можно!