Оливер Кан започна „германска фудбалска војна“: „Клоп ти селектор си или стручен коментатор“!?

106

Фудбалска Германија деновиве е фокусирана околу мечот од Лигата на Шампионите помеѓу Баерн Минхен Арсенал. Мечот заврши 2:2, а коментарите и критиките доаѓаат од различни страни.

Еден од оние кои што имаше што да каже на темата, е и селекторот на Германија, Јирген Клоп кој што беше критични настроен кон „Баварците“ и тренерот Винент Компани.

Тој рече дека Баерн имал тактички недостатоци на овој меч, што како критика секако оди на контото на Компани. Белгиецот немаше одговор на ова, но затоа „покус“ не остана Оливер Кан. Легендата на германскиот фудбал, а воедно и на Баерн Минхен прописно му возврати на селекторот Клоп.

„Првично се запрашав дали тој е селектор на националниот тим или сè уште фудбалски коментатор. Тоа беше типичен коментар каков што би очекувале од фудбалски коментатор. Се разбира, тоа може да се протолкува и како критика упатена кон еден тренер, и мислам дека Клоп е добро свесен за тоа. Тој го започна ова уште тогаш, со својата забелешка за Јулијан Нагелсман, нарекувајќи го ’сè уште селектор на националниот тим‘. Сметам дека овде се отвора и прашањето за професионалната етика меѓу тренерите. Понатаму, селекторот на германската репрезентација, особено, мора да биде многу прецизен во она што го зборува. Бидејќи, како што се случува токму сега, ваквите забелешки неизбежно водат кон дебата. Овие зборови ме изненадија. Не е вообичаено да се види такво нешто од еден селектор на национален тим“, изјави Кан за „Скај Спорт“.

ПретходноЈавноста во Хрватска отворено прашува, му треба ли на Динамо нов тренер?
СледноГолемиот талент на Баерн Минхен не игра добро поради девојка му!?