Парондо најави „пеколна“ битка против Вардар во Скопје!

440

Мелсунген успеа да освои важни бодови против Висла Плоцк на домашен терен во трката за првите две места, кои водат во главната рунда во Лигата на шампионите. Германскиот тим, предводен од Роберто Гарсија Парондо, славеше со 28-26 и сега има шест бода, исто колку и полскиот тим.

За да го потврди пласманот во следната рунда, Мелсунген ќе мора да оствари победа, и тоа против Вардар во СЦ „Јане Сандански“. Парондо, кој му ја донесе втората титула во Лигата на шампионите на македонскиот тим, најави дека неговата екипа ќе го даде максимумот. Натпреварот се игра на 28 октомври.

„Многу важна победа за нас. Денеска одигравме тежок натпревар, вистински предизвик, против еден од најсилните тимови во ова натпреварување. Ни останува уште еден натпревар и ќе го дадеме максимумот, одиме на се или ништо“, изјави Роберто Гарсија Парондо.

Вардар е последен во оваа група, но со победата над Нант на гостински терен ги освои првите бодови и внесе вистинска неизвесност на едно коло пред крајот на групната фаза. Избраниците на Иван Чупиќ сигурно ќе сакаат нова радост по триумфот во Франција, овојпат пред своите навивачи. Затоа, бундеслигашот ќе мора добро да се подготви доколку сака да ги освои бодовите во Скопје.

ПретходноПМФЛ: Силекс сака нова победа
СледноБарселона веќе го избра наследникот на Флик, навивачите во екстаза!