Партизан донесе ново засилување по победата во дербито!

93
Фото: КК Партизан

Американскиот крилен центар Роберт Френкс е нов кошаркар на Партизан, соопшти белградскиот клуб, еден ден по победата во евролигашкото „вечно“ дерби.

Американецот во продолжението од сезоната ќе ја засили конкуренцијата на позицијата крилен центар во тимот на „црно-белите“. Френкс е висок 201 сантиметар, роден е во 1996 година во Сиетл, а професионалната кариера ја започнал во 2019 година, по студиите на Државниот универзитет во Вашингтон.

Во текот на кариерата настапувал за развојните тимови на Шарлот, Сакраменто и Орландо, а во 2021 година ја добил можноста да заигра и во НБА-лигата, во дресот на Орландо Меџик.

Истата година ја освоил шампионската титула во развојната Г-лига со тимот од Орландо.

По американската етапа од кариерата, Френкс настапувал во Австралија за Бризбејн и Аделаида, потоа за израелскиот Хапоел Гилат, како и за јапонските клубови Нагоја и Ибараки.

Пред да пристигне во Партизан, играше за кинески Нанџинг.

ПретходноГолем пресврт: Му свртеа грб на Инфантино, а потоа ѝ забија нож во грб на УЕФА!
СледноНавивачите на Борнмут го прозиваа Аморим – тој се смееше (ВИДЕО)