Прва радост за Мојсов во Србија, Земун победи против Мачва

110

Македонскиот тренер Ѓорѓи Мојсов конечно ја дочека првата победа на клупата на Земун, откако неговиот тим славеше со минимални 1:0 против Мачва во 13. коло од српската Суперлига.

Земун до триумфот стигна на стадионот „Драган Џајиќ“ во Уб, а човек на одлука беше Табаковиќ, кој во 80. минута го постигна единствениот гол на натпреварот.

За Мојсов ова е значаен момент по тешкиот почеток на сезоната. Земун се врати во елитното друштво на српскиот фудбал, но долго чекаше на првиот триумф, откако во претходните настапи забележа три нерешени средби и девет порази.

ПретходноЛука Станковски со гол-првенец за победа на Колос (ВИДЕО)
СледноПознат изгледот на Првата А и Првата Б лига за мажи