Ристески: Штип УГД може многу подобро, пред полна сала се е можно!

37
фото: Одбојкарски клуб "Штип Угд" - Штип (FB)

Македонскиот одбојкарски шамион Штип УГД веднаш по враќањето од Холандија и првиот натпревар со Орион Старс во Лигата на шамионите, ги започна подготовките за реванш пресметката. В среда во салата „Џексон“ во Штип, нашиот првак ќе гоодигра реванш натпреварот на кој се надева на далеку подобро издание од она во Холандија.

„Поразени сме со 3:0, но знам дека можевме и заслуживме повеќе. На реваншот сигурно ќе покажеме друго лице и со голема поддршка од трибините ќе одиме на многу подобар резултат. Не велам дека е реално да очекуваме победа, но ако не веруваме, нема зошто и да играме. Затоа на реваншот влегуваме со верба во нашиот квалитет“, вели тренерот на штипјани, Кристиан Ристески.

Орион Старс ја искористи предноста на домашниот терен и дојде до убедлива предност пред реваншот, но Штип живее за одбојката и верува во можноста за квалитетен европски дуел.

„Се надевам дека трибините ќе бидат полни. На домашен терен пред 1500 наши навивачи ќе биде поинаку“, дополнува Ристески.

ПретходноКомпани колабирал на тренинг, пренесен во болница
СледноБеќири со прва победа на клупата на Габала