Циркузант: Во 10 дена, двапати на ист начин промаши пенал (ВИДЕО)

74

Јамајканскиот фудбалер Трејвон Рид повторно промаши пенал со необичен залет, со ситни чекори, налик на стилот на Пол Погба. Крилниот напаѓач на Маунт Плезант не успеа да го совлада голманот Тешорн Рагу во реваншот од полуфиналето на Карипскиот куп на КОНКАКАФ против Клаб Сандо од Тринидад и Тобаго.

Рид и претходно промаши пенал на првиот натпревар, на 15 октомври, кога речиси 20 секунди се приближуваше до топката со ситни чекори. И во вториот обид го повтори истиот ритуал, но голманот повторно го прочита неговиот удар.

Сепак, промашувањето не го чинеше скапо неговиот тим: Маунт Плезант победи со 2:0 во реваншот, се пласираше во финалето и обезбеди место во Купот на шампионите на КОНКАКАФ во 2027 година.

ПретходноПознат изгледот на Првата А и Првата Б лига за мажи
СледноМајкл Керик: Никој не е над Манчестер Јунајтед