Албанија го „украде“ голманот на Каљари

120

Голманот на Каљари, Елија Каприле, доби албанско државјанство и би можел да ја засили репрезентацијата на Албанија, објави „Тутомеркатовеб“.

Дваесет и петгодишниот чувар на мрежата досега нема настап за сениорската репрезентација на Италија, иако доби повик во националниот тим. Двојното државјанство го добил благодарение на сопругата, која е со албанско потекло.

Сепак, добивањето албански пасош не значи автоматски дека Каприле може да настапува за Албанија. За тоа ќе мора да бидат исполнети условите на ФИФА за промена на репрезентативната припадност.

ПретходноМајкл Керик: Никој не е над Манчестер Јунајтед
СледноИпсвич и Нотингем ги поделија бодовите на стартот од осмото коло од ПЛ