Македонскиот тренер Ѓорѓи Мојсов конечно ја дочека првата победа на клупата на Земун, откако неговиот тим славеше со минимални 1:0 против Мачва во 13. коло од српската Суперлига.
Земун до триумфот стигна на стадионот „Драган Џајиќ“ во Уб, а човек на одлука беше Табаковиќ, кој во 80. минута го постигна единствениот гол на натпреварот.
За Мојсов ова е значаен момент по тешкиот почеток на сезоната. Земун се врати во елитното друштво на српскиот фудбал, но долго чекаше на првиот триумф, откако во претходните настапи забележа три нерешени средби и девет порази.










