Силекс влезе во победничка низа (ВИДЕО)

76

Денеска стартуваше единаесеттото коло од ПМФЛ шампионатот со дуелот во Кратово помеѓу екипите на Силекс и Шкендија Арачиново.

Домаќинот обезбеди победа од 2:0 со навреме постигнати голови во првото односно второто полувеме.

По очајната серија на мечеви во кои што избраниците на тренерот Александар Васоски не можеа да обезбедат три бода, еве сега два меча по ред кратовци се радуваат на победа. Откако беше победен Башкими сега еве освоени се три бода и против Шкендија Арачиново.

Триумфот беше најавен со погодокот на Хасукиќ уште во третата минута од мечот, кога по одличниот центаршут од десно, напаѓачот на Силекс одлично реагираше со глава и реализираше за 1:0. Во првиот дел домаќинот имаше уште една до две ситуации за гол, но не реализираше пред паузата.

Сепак, во 53. минута одново се тресе гостинската мрежа со вториот гол на Хасукиќ, по што дефинитивно мечот отиде во едносмерен правец.

Со оваа победа Силекс стигна до четвртиот триумф сезонава.

 

ПретходноПрвиот човек на Ла Лига обвини: Методите на Реал Мадрид се исти како во нацистичка Германија!!!
СледноШкендија апелира за максимален респект од страна на навивачите на утрешното дерби против Вардар