ГРК Охрид тргнува во одбрана на европската титула: Кеита повика на полни трибини и две победи!

1
Фото: ГРК Охрид

ГРК Охрид денеска ја започнува одбраната на титулата во ЕХФ Европскиот куп. Противник во второто коло на избраниците на тренерот Борис Ројевиќ е тимот на Спор Тото СК.

Двата натпревари ќе се играат во СЦ „Билјанини Извори“, а првиот е закажан за денеска со почеток во 18:30 часот.

Адама Кеита го најави двомечот, порача дека ГРК Охрид е подготвен и дека целта е да одиграат најдобро што можат и оваа сезона.

„Мора да одиграме најдобро што можеме во петок и сабота. Возбудени сме за почетокот на ова ново натпреварување и сакаме да ги одиграме најдобрите натпревари оваа сезона. Ги очекуваме сите фанови на двата натпревари. Сакаме убава атмосфера и две победи“, порача Кеита.

Билетите се пуштени во продажба, а од таборот на ГРК Охрид очекуваат полни трибини.

ПретходноБарселона веќе го избра наследникот на Флик, навивачите во екстаза!