ПМФЛ: Силекс сака нова победа

0
ФОТО:.facebook.com/fcsileks/

Денеска од 14 часот со мечот Силекс – Шкендија Арачиново се “отвора“ 11.коло од тековната сезона во ПМФЛ. Меч во кој се среќаваат екипите кои се на 5. и 6.место на табелата. Во случај на победа тогаш четата на стратегот Александар Васоски ќе го „прескокне“ тимот од Арачиново на табелата и ќе биде нешто поблиску до водечките.

По шест натпревари без победа, конечно Силекс во минатото коло славеше кај Башкими и секако дека со оптимизам и самодоверба влегува во овој натпревар. Од друга страна Шкендија Арачиново беше поразена од Струга ТЛ и затоа денеска ќе се обиде да извлече бод(ови) иако јасно е дека во Кратово секогаш е тешко да се дојде до победа.

Во секој случај тоа ќе биде неизвесен, барем такви се очекувањата, борбен дуел на теренот на стадионот во Кратово во кој и двата тима влегуваат со свои амбиции. Да, кратовци ја имаат улогата на фаворит на хартија и тоа поради реномето, домашниот терен, но се виде и досега дека Шкендија Арачиново оваа есен игра добар фудбал.

Натпреварот ќе го суди Доне Ристовски.

Утре и задутре се играат сите останати мечеви од ова 11.коло а во центарот на вниманието е мега – дербито меѓу Шкендија (Т) и Вардар кое се игра утре во Гостивар од 14 часот.

ПретходноВучиќ и Ѓоковиќ добија американска конкуренција: Трамп жестоко го нападна Леброн!