Светската шампионка во маратон падна на допинг тест

41

Кениската атлетичарка Перес Џепчирчир, олимписка шампионка во маратон од Токио 2021 и светска шампионка, привремено е суспендирана поради позитивен допинг-тест.

Примерокот, земен надвор од натпреварување во Кенија во август, покажал присуство на еритропоетин (ЕПО), забранета супстанција што го зголемува создавањето црвени крвни зрнца и ја подобрува издржливоста.

Тестирањето било спроведено пред нејзината победа на маратонот во Сиднеј, на 30 август, каде што триумфираше со време од 2:18:31 часа.

Џепчирчир во кариерата ги освои и маратоните во Њујорк, Бостон и Лондон. Привремената суспензија важи додека случајот се разгледува, а конечната санкција ќе зависи од исходот на постапката.

ПретходноАлчевски успешно опериран, следува период на рехабилитација
СледноГРК Охрид доминантно на првата пресметка со Спорт Тото