Попладнево се одиграа сите седум средби од 9.коло во ВМФЛ. Дербито се играше во Охрид каде истоимениот тим со гол во второто полувреме славеше против Работнички со 1:0. Со овие три бода Охрид и натаму е лидер на табелата во второлигашката конкуренција.
Соседско дерби во Новаци, каде Пелистер со 0:2 победи и освои големи три бода. Стрелци беа Христов и Гроздановски.
Македонија ЃП и тоа како позитвно изненади во Струмица каде на гости одигра 1:1 со Беласица, стрелец на голот на „лавовите“ беше Темелковски.
Кожув и Тетекс одиграа 2:2, треба да се напомене дека домашните од 50.минута играа со играч помалку откако им беше исклучен играч.
Осогово ја изненади Брера и успеа на свој терен да ја победи со 3:1. Веројатно струмичани беа со мислите во среда кон првиот меч од 2.квалификациско коло во младинската ЛШ против Хофенхајм.
РЕЗУЛТАТИ 9.КОЛО
Беласица – Македонија ЃП 1:1
Детонит – Еуромилк 0:0
Кожуф – Тетекс 2:2
Новаци – Пелистер 0:2
Охрид – Работнички 1:0
Осогово – Брера 3:1
Шкупи – Камјани 0:2
ТАБЕЛА
Охрид 22, Пелистер 21, Работнички (-1) 18, Брера (-1) 15….










