Еве што значат Шкендија и Вардар – 12 титули во последните 16 сезони во ПМФЛ

96

Секоја чест за дербито Вардар – Пелистер, секоја чест за дербито Шкендија – Шкупи, но онака фудбалски, посебно во последните 15 години, и според буџетите, големината на клубови и титулите и успесите во Европа, во мак – фудбалот дербито Шкендија – Вардар или Вардар – Шкендија е најголемо.

И тука нема дилеми и затоа што само овие два клуба играле во лигашката фаза или групната фаза во едно европско натпреварување, заедно во својата историја имаат 17 титули а во последните 16 сезони заедно освоиле дури 12 (Шкендија 5 и Вардар 7).

Ете затоа ова е најголемото дерби во фудбалска Македонија, затоа кога играат овие два клуба со најголеми буџети во изминатите 15 години, фудбалска Македонија се “тресе“.

Затоа денеска во Гостивар ќе “гори“, нека биде фер и коректно а подобриот нека победи.

ШАМПИОНИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 16 СЕЗОНИ

2011:Шкендија

2012:Вардар

2013:Вардар

2014:Работнички

2015:Вардар

2016:Вардар

2017:Вардар

2018:Шкендија

2019:Шкендија

2020:Вардар

2021:Шкендија

2022:Шкупи

2023:Струга ТЛ

2024:Струга ТЛ

2025:Шкендија

2026:Вардар

ПретходноВМФЛ: Дерби покрај езерото – лидерот Охрид против второпласираниот Работнички
СледноДиректорот на Баерн со најнови информации за Компани, откри и кога би можел да се врати!