МЗТ Скопје поразен и во АБА2-лига!

59

МЗТ Скопје одигра неизвесен натпревар на отворањето на новата сезона во АБА2-лига. Македонскиот првак за жал не го задржа ритамот, против Сутјеска на гостински терен беше поразен со 85-75. Ова значи дека „сино-белите“ остануваат без триумф на меѓународна сцена, зад себе ги имаат трите порази во ФИБА Еврокупот.

На овој дуел видовме бројни промени на водството. Подобро во пресметката влезе домашниот тим кој после првата четвртина имаше водство од 16-11. Голем дел од вториот период мина во знакот на Сутјеска, но после 36-27 следеше пресврт. Македонскиот првак со серија од 11-0 успеа да дојде до водство после долго време 26-38. На одморот беше плус еден за МЗТ Скопје (39-40).

Нешто слично сценарио видовме во третата четвртина, но овој пат „сино-белите“ го имаа водството, а пред крајот противникот успеа да се врати и во одлучувачките десет минути да влезе со минимални 60-59. Ова беше најава за драматична завршница.

Во 34 минута домаќинот дојде до осетлива предност од 72-66, Атанасов повика тајм-аут, но не вроди плод, бидејќи Сутјеска нешто подоцна дојде на двоцифрени 83-73 и ја најави победата.

Фарахан имаше 18 поени, зад него беше Николиќ со 17 поени.

ПретходноНиколас Џексон го „сруши“ Сити
СледноВАР ја спаси Шкендија, добар Вардар во Гостивар!