Струга – Мулти Есенс 32:31 е исходот од вечерашниот меч од 8.коло во нашара ракометана Суперлига. Треба веднаш да се напомене дека младиот состав на гостите и тоа како одигра добар меч, имаше на почетокот и водство а потоа мечот или имаше резултатски егал или домашните водеа со гол или двба разлика.
На пауза се замина со водство на Струга од 17:15.
Во продолжение од средбата иста слика на теренот. Во 46.минута резултатот беше 26:26 и се наговестуваше драма во финишот. На крајодт домашниот состав подобро се снајде и на крајот победи само со еден гол разлика.
Мице Шилегов со 11 голови кај домашните беше најефикасен, додека кај гостите Јулијан Матевски запиша 6 погодоци.










