ПМФЛ полувреме: Ндзенгуе промашува за Шкендија, Вардар сеуште има 0:0 на дербито

104

Македонскиот фудбалски ПМФЛ шампионат во моментов на програмата го има големото дерби помеѓу Шкендија и Вардар. Истото се игра во Гостивар од добро познати причини, а моменталниот резултат е 0:0.

Домаќинот Шкендија имаше све сериозни шанси преку најдобриот стрелец Ндзенгуе, кој што најпрво беше сантиметри кус и не ја „чепна“ топката за да влезе во голот, а потоа прекрасно реализираше во мрежата на Талески но голот беше поништен од страна на ВАР поради офсајд.

Конечно, Ндзенгуе ја имаше третата ситуација, излезе сам одкосо пред Талески проба да го лобува но шутираше над голот.

На спротивната страна Данев се обиде со удар но Гаје добро реагираше и исфрли во корнер.

 

ПретходноМакедонија подобра од Панама на Мундијалот во Баку
СледноКадетките поразени од Турција во Верија