По победата денеска против Скопје со 4:0, Струга ТЛ го забележа својот најдобар старт во една сезона кога станува збор за натпреварите на домашен терен. Имено на шест мечеви колку Струга ТЛ одигра досега има исто толку победи со гол разлика 19:0. Значи стружани дома на тие шест средни нема примено ниту еден гол.
Па така од таборот на Струга вечерва преку своите социјални мрежи се пофалија дека ова за нив е испишување на историја.
Инаку по 11.коло, Струга ТЛ со 23 бода е се втори на табелата, еден помалку од Шкендија и два повече од третиот Вардар.
Повеќе од јасно е дека овие три екипи ќе бијат жестока битка за титулата во ПМФЛ оваа 2026/27 сезона.















