ТФТ до втора победа сезонава

20

Со конечно 84:70 тимот на ТФТ денеска на свој терен го совлада тимот на Штип, со што ја ја забележа втората победа во новиот Суперлига шампионат.

Иако домаќинот не го отвори мечот најдобро, тоа сепак, на избраниците на тренерот Боро Даскаловски не им пречеше во продолжението на средбата да ја консолидираат својата игра и да дојдат до може да се каже планирана победа и бодови.

Втората делница ТФТ да доби со 26:15, а полувремето со 44:31, по што беше јасно во кој правец оди денешниот дуел.

Во домашниот табор најдобар поединец беше Вајт со 22 поени. Дабл дабл учинок на сила од 12 поени и 15 скока, додека пак Хамилтон со 27 поени најдобар кај штипјани.

 

Претходно„Гроф“ е тактички мајстор, Вардар одигра одлично дерби, а Спахиу мора да е стартер!!!
СледноФФМ со експресна реакција за дербито: Сите ВАР одлуки се исправни