Шампионска партија на Алкалоид во Австрија!

286

Алкалоид оствари победа и на втората пресметка против Ферлах. Тренерот Кирил Лазаров и неговите момци овој пат славеа со 18-32 на гостински терен и ставија печат на пласманот во третото коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Во составот и овој пат не беа Ненад Костески и Вуко Борозан, двајцата поради повреди, како и Иван Џонов, додека после долго време се врати Валентин Карасманакис.

Дека ова ќе биде уште еден убедлив триумф на македонскиот тим беше познато уште во првото полувреме. Алкалоид отвори со 0-4, а потоа поведе и со 3-10 во 20-тата минута. На одморот резултатот беше 6-12.

Во продолжение не се промени ништо. Македонскиот тим ја имаше контролата, поведе со 8-16 во 40-тата минута, позитива која беше доволна за мирен финиш. Единствено непознато прашање беше крајниот резултат. Никола Костески во 42. минута реализираше за прва двоцифрена предност (15-25). 

Никола Костески беше прв стрелец во редовите на Алкалоид со седум гола, зад него беа Сухолежник со пет погодоци, и Цехте и Борзаш со по четири.

ПретходноФудбал за уживање на “Марадона“: Наполи и Рома одиграа 3:3! (ВИДЕО)
СледноСтоле солиден, ама бадијала: Валенсија покажа како да се загуби добиен натпревар!