ГРК Охрид стави убедлив печат на пласманот во третото коло во ЕХФ Европскиот Куп

76

Очекувано сценарио од СЦ „Билјанини Извори“. ГРК Охрид дојде до втора убедлива победа во пресметките со Спорт Тото, овој пат условно кажано како гостинска екипа славеше со 22-38 (14-16). Актуелниот првак на ЕХФ Европскиот Куп на овој начин го потврди своето место во третото коло.

Противникот беше рамноправен само на почетокот на натпреварот кога имаше и водство, најголемото беше четири гола разлика (11-7 и 12-8), но сликата на теренот брзо се промени. ГРК Охрид за кратко време покажа зошто е огромен фаворит на оваа пресметка. На одморот замина со позитива од 14-16, а потоа во следните 30. минути имаше рутинска задача.

Ѓукиќ и Ивановски со по шест погодоци беа први стрелец, зад нив беа Карапалевски и Савревски со по четири гола.

ПретходноБраво: Алексовска со спектакуларна победа против грчката претставничка на ФНЦ(ВИДЕО)
СледноНестор прво со две асистенции за победа на Славен Белупо, а потоа доби директен црвен!