ЖЕСТОК УДАР ЗА ЈАНАКОПУЛОС! Олимпијакос му испрати порака што одекна: Внимавај што посакуваш!

0
Фото: dimitris giannakopoulos instagram

Нов скандал што ја тресе грчката кошарка предизвика жестока реакција од Пиреја. Олимпијакос објави остро соопштение директно насочено против првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, во кое решително отфрли каква било вмешаност во актуелната истрага, а истовремено упати тешки обвинувања кон атинските „зелени“.

Од таборот на клубот од Пиреја истакнуваат дека нивна повеќегодишна цел е исклучиво еднаков третман на теренот, а не судење подредено на интересите на една екипа.

„Водиме вистинска борба за фер судење 50-50 и ќе се бориме до крај! Нема да бидеме сојузници во обидите на Јанакопулос да издејствува судење 100-0 во корист на својот тим. Немаме апсолутно никаква врска со истрагата. Во материјалите од овој случај дури и не се споменува името на нашиот клуб“.

Од клубот испратија и дополнителна порака:

„Немаме од кого ниту од што да се плашиме! Ние не глумиме судии на Инстаграм и зад тастатурата. Еден совет – внимавај што посакуваш! Затоа што, ако навистина се врати она што е украдено, трофејната витрина на твојот тим и прочуената маса во Суни ќе се наполнат со пајажина наместо со пехари“, се наведува во соопштението на КК Олимпијакос.

Актуелната истрага така отвори ново поглавје и дополнително го разгоре вербалниот судир меѓу двата вечни грчки ривали.

ПретходноШортс блеска во Евролигата: „Македонецот“ е МВП на колото!