Македонскиот фудбалски ПМФЛ шампионат во моментов на програмата го има големото дерби помеѓу Шкендија и Вардар. Истото се игра во Гостивар од добро познати причини, а моменталниот резултат е 0:0.
Домаќинот Шкендија имаше све сериозни шанси преку најдобриот стрелец Ндзенгуе, кој што најпрво беше сантиметри кус и не ја „чепна“ топката за да влезе во голот, а потоа прекрасно реализираше во мрежата на Талески но голот беше поништен од страна на ВАР поради офсајд.
Конечно, Ндзенгуе ја имаше третата ситуација, излезе сам одкосо пред Талески проба да го лобува но шутираше над голот.
На спротивната страна Данев се обиде со удар но Гаје добро реагираше и исфрли во корнер.















