Аврамовски по втор пат стрелец сезонава (ВИДЕО)

28

Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски по втор пат е стрелец сезонава за својот тим Мугласпор.

Напаѓачот денеска беше еден од творците на победата на гостински терен против тимот на Маниса, од конечни 3:4.

Популарниот Цујо реализираше за 2:4, а потоа домаќинот само намали и ги постави конечните 3:4.

Аврамовски со години вече настапува во Турција, промени неколку клубови, и иако има 31. година има уште многу што да даде на фудбалскиот терен. Имаше и улога на репрезентативец своевремено но одеднаш беше избришан од националниот тим.

ПретходноФФМ со експресна реакција за дербито: Сите ВАР одлуки се исправни
СледноРБ Лајпциг им се врати на победите