Денеска од 14 часот се играат сите седум средби од 9.коло во ВМФЛ. Дербито се игра во Охрид каде се среќаваат истоимениот тим кој е лидер на табелата и второпласираниот Работнички. Секако дека се очекува голема битка, битка до последен здив што се вели. Интересно, ако утре гостите слават би можеле да имаат и +5 бода пред Охрид, ако се знае дека тие имаат меч помалку во однос на Охрид а сега пред утрешниот дуел имаат само еден бод помалку.
Интересно ќе биде и во Новаци каде истоимениот тим го пречекува Пелистер во соседското дерби.
На останатите средби Беласица ја пречекува Македонија ЃП, потоа Осогово игра со Брера, додека Шкупи се среќава со Камјани, играат и Детонит – Еуромилк како и Кожуф – Тетекс.
ДВОЈКИ ЗА 9.КОЛО – ДЕНЕСКА 14 Ч
Скопје: Шкупи – Камјани
Охрид: Охрид – Работнички
Струмица: Беласица – Македонија ЃП
Кочани: Осогово – Брера
Новаци: Новаци – Пелистер
Радовиш: Детонит – Еуромилк
Гевгелија: Кожуф – Тетекс
ТАБЕЛА
Охрид 19, Работнички (-1) 18, Пелистер 18, Брера (-1)15, Тетекс 12, Беласица 12, Камјани 11, Македонија ЃП 10, Кожуф 9, Новаци 8, Детонит 8, Еуромилк 6, Осогово 3, Шкупи 0










