ВМФЛ: Охрид победи во дербито и остана лидер, Пелистер славеше во Новаци

45
ФОТО:facebook.com/gfkohrid

Попладнево се одиграа сите седум средби од 9.коло во ВМФЛ. Дербито се играше во Охрид каде истоимениот тим со гол во второто полувреме славеше против Работнички со 1:0. Со овие три бода Охрид и натаму е лидер на табелата во второлигашката конкуренција.

Соседско дерби во Новаци, каде Пелистер со 0:2 победи и освои големи три бода. Стрелци беа Христов и Гроздановски.

Македонија ЃП и тоа како позитвно изненади во Струмица каде на гости одигра 1:1 со Беласица, стрелец на голот на „лавовите“ беше Темелковски.

Кожув и Тетекс одиграа 2:2, треба да се напомене дека домашните од 50.минута играа со играч помалку откако им беше исклучен играч.

Осогово ја изненади Брера и успеа на свој терен да ја победи со 3:1. Веројатно струмичани беа со мислите во среда кон првиот меч од 2.квалификациско коло во младинската ЛШ против Хофенхајм.

РЕЗУЛТАТИ 9.КОЛО

Беласица – Македонија ЃП 1:1

Детонит – Еуромилк 0:0

Кожуф – Тетекс 2:2

Новаци – Пелистер 0:2

Охрид – Работнички 1:0

Осогово – Брера 3:1

Шкупи – Камјани 0:2

ТАБЕЛА

Охрид 22, Пелистер 21, Работнички (-1) 18, Брера (-1) 15….

ПретходноВАР ја спаси Шкендија, добар Вардар во Гостивар!