Малус броеше до 11: РК Вардар го “прескокна“ и Прилеп и остана перфектен

53

По Нант во ЛШ, шампионот славеше и во Прилеп. Нема дилеми, РК Вардар си “гази“ во домашниот шампионат. Доцна попладнево во меч од 8.коло во ракометната Суперлига, шампионот како гостин славеше против домашниот Прилеп со 29:38.

Па така сега четата на Иван Чупиќ има супер – серија од осум победи во тие осум одиграни натпревари од стартот на сезоната.

Домашните пружија во првото полувреме каков – таков отпор, па на пауза се замина само со +2 за гоемиот фаворит или 14:16.

Сепак во продолжение од средбата, кога требаше Вардар знаеше како да префрли во поголема брзина и со тоа брзо го скрши отпорот на прилепчани. Разликата се зголемуваше, а на крајот сосема заслужена победа на РК Вардар со + 9 разлика.

Кога сме кај стрелците кај домашните Шипинковски реализираше 7 голови, додека кај победничкиот состав Малус со 11 голови од 13 обиди просто ја “скина“ мрежата на домашните.

ПретходноПоложани по мега – дербито: Дерби меч кој требаше да го добиеме, ако се знае дека сме поквалитетни од Вардар!
Следно„Пирова“ победа: Бутел Скопје го заврши настапот во ЕХФ Европскиот Куп