Рутинска задача за Алкалоид и Охрид, Бутел го чека тешка задача во ЕХФ Европскиот Куп!

33

Три македонски екипи денеска ќе ги одиграат реванш-натпреварите од второто коло во ЕХФ Европскиот куп. Алкалоид и ГРК Охрид ќе имаат полесна задача во однос на пласманот во следната рунда, додека, пак, Бутел Скопје ќе треба добро да се испоти за да ја продолжи европската авантура.

Кирил Лазаров и неговите момци играат на гостински терен против Ферлах, тим кој на домашен терен го победија со 31-22. Предноста од девет гола треба да биде доволна за да се најдат во третото коло од ова натпреварување. Алкалоид од вчера е во Австрија, каде што ги одработи последните подготовки пред денешниот дуел, кој започнува во 19 часот.

ГРК Охрид исто така веќе гледа кон следното коло. Актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот куп вчера на домашен терен беше подобар од Спор Тото со 36-24. Денеска (18:30 часот), повторно во СЦ „Билјанини Извори“, го очекува рутинска задача.

Најтешка задача има Бутел Скопје. Стојанче Стоилов и неговите момци имаа позитивен резултат на шест минути до крајот на првиот натпревар против Горица на гостински терен, но за жал беа поразени со три гола разлика. Сега, во салата „Расадник“, ќе мора да ја надополнат негативата доколку сакаат да се најдат во следното коло. Натпреварот е закажан за 17 часот.

ПретходноБабунски: Имаме меѓусебен респект, ќе сториме сè за да ги освоиме трите бода!
СледноШортс блеска во Евролигата: „Македонецот“ е МВП на колото!