Не оди, па не оди. Столе Димитриевски солиден на голот, ама бадијала. Валенсија покажа како да се загуби добиен натпревар. Валенсија – Виљареал 1:2.
Гостите први се заканија преку Бјукенен, но Димитриевски одбрани. Домашните практично немаа никаква шанса во првиот половина час, а потоа пенал во 35-тата минута за Валенсија.
Раба како шило пробиваше по десната страна, Веига го запре недозволено, а судијата покажа на пенал. Пепелу ги зеде работите во свои раце и погоди. Исклучително добро изведен пенал. Гаја промаши одлична шанса за домаќините во 53-тата минута, а потоа пет минути подоцна Данџума имаше сериозна шанса, но немаше промена на резултатот.
И потоа во 69-тата минута, добра акција на Виљареал од левата страна, Фримен шутира со глава и успева да ја внесе топката во мрежата! Пет минути подоцна, шанса имаше и Молеиро, кој шутираше покрај голот.
Во 76-тата минута од играта, Гаја доби црвен поради удирање на противникот со лакт, беше премногу силен и груб во дуелот, ВАР одлучи да му покаже да оди во соблекувалната пред крајот.
Иста мерка и за Елиот на другата страна, кој доби втор жолт картон, и тоа за неколку секунди.
И потоа во 5-тата минута од судиското продолжение, Микаутадзе успева да изведе контранапад, и успеа да постигне гол за конечни 1:2!
Дома Меѓународен фудбал Столе солиден, ама бадијала: Валенсија покажа како да се загуби добиен натпревар!










