Со сигурна, ефикасна, супериорна и заслужена победа од 4:0, тимот на Струга ТЛ попладнево на свој терен успеа да слави над екипата на Скопје во меч кој што се одигра во рамките од новото единаесетто коло од ПМФЛ шампионатот.
Домаќините ја одиграа во целост улогата на фаворит на овој меч и со головите на Бојку, Малески, Агаман и Воша суверено триумфираа над немоќниот противник.
Самиот дуел мина ама апсолутно во доминација на стружани кои што водеа по само единаесет минути. Веќе шест минути подоцна Малески со прекрасен удар веќе зголеми на 2:0, а откако Агаман резлизираше по половина час веќе се беше готово на овој меч.
Да не беше искусниот Наумовски на голот на Скопје, Струга ТЛ ќе имаше и поголемо водство. За тоа се погрижи Арби Воша кој што во 59. минута искористи уште една лоша реакција на одбраната на Скопје и со глава реализираше за 3:0.
Ова инаку беше шеста победа за Струга ТЛ на домашен терен од исто толку мечеви што го става овој тим во посебна категорија кога станува збор за ПМФЛ екипите.
А што се однесува до Скопје, „Пиратите“ ќе имаат тешка задача сезонава да се спасат од најлошото.















