Струга ТЛ против Скопје оди на “шест од шест“ сезонава на свој терен!

29

Денеска во 12 часот на стадионот во Струга домашната Струга ТЛ го пречекува тимот на Скопје во меч од 11.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Јасно е кој е фаворит, јасно е каде е квалитететот, кој се бори за самиот врв а кој убедливо е последен на табелата. Струга ТЛ посакува уште една победа на свој терен сезонава, посакува “шест од шест“ дома, но ова е фудбал, не смее да има потценување.

Тоа го вели и капитенот на Струга ТЛ, Буњамин Шабани:
„Знаеме дека денес нема лесни противници, па без оглед на позицијата во која се наоѓаат, го почитуваме ФК Скопје, но дефинитивно ќе дадеме се од себе како тим за да продолжиме со победи. Секој натпревар го земаме еден по еден и нормално дека сме научиле од претходните натпревари и мислам дека овој пат ќе биде поинаку, и се надеваме дека со максимална посветеност од сите нас, без да го потценуваме тимот на ФК Скопје, ќе освоиме три бода бодови“ вели Шабани.

Интересно, на последните три меча во ПМФЛ меѓу овие екипи резултатот бил 1:1:
“Најважно е да ја играме нашата игра и да ги освоиме сите три бода. Ова е важно, не треба да гледаме на традицијата. Како тим, мора да пристапиме многу сериозно ако сакаме да победиме. Ветуваме многу борба на теренот, каде што верувам дека ќе доминираме и на крајот ќе се радуваме на нова победа, шеста во низа на свој терен“ заврши капитенот на стружани.

ПретходноМеси доби престижна награда во Шпанија: Убеден сум дека и татко ми сега ужива во ова!
СледноКерик зборуваше пет минути без ниту едно прашање: Болно беше да се гледаме!