Ти Џеј Шортс и Зек Ледеј се најкорисните кошаркари во седмото коло од Евролигата. Поранешниот македонски репрезентативец, кој сега настапува за Валенсија, и членот на Хапоел Тел Авив го поделија признанието за МВП, откако двајцата остварија индекс на корисност од 33 поени.
Шортс одигра одличен натпревар против својот поранешен клуб Париз, постигнувајќи 25 поени и делејќи девет асистенции. Неговиот придонес беше еден од клучните за победата на Валенсија со 104-93.
Одлично издание имаше и Зек Ледеј, кој го предводеше Хапоел Тел Авив до триумф над Виртус Болоња од 90-81. Поранешниот кошаркар на Партизан го заврши натпреварот со дабл-дабл учинок од 22 поени и 10 скока.










